ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Фото+Видео) „Бела вода“ го полни Прилепското езеро

1.279

Водата што се влева во Прилепското Вештачко Езеро е со бела боја. Реките кои течат низ тој предел, носат бела прашина,  која се таложи и на брегот од реките.

Овој еколошки проблем беше забележан денеска, (недела, 25 февруари) од граѓанин кој вели дека често го посетува овој предел, но никогаш досега немал забележано ваква вода да тече низ речните притоки на езерото.

 

Загриженоста за оваа состојба ја споделуваат и други граѓани, кои бараат одговорност  и заштита на животната средина и околината околу Прилепското езеро „ бидејќи, не само што се уништува животинскиот свет во езерото, туку токму Прилепското езеро служи за полевање и наводнување на прилепското поле кое гравитира на таа страна“ вели еден граѓанин.

„Озбилноста на еко-проблемот потребно е под итно да го видат надлежните служби”, – гневни се  екологистите и граѓаните на Прилеп, особено оние кои имаат бавчи, градини и ниви во овој регион.

Фото:  screen shot од видеото 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: