ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Буџетот на Општина Прилеп за 2024 тежи близу 29 милиони евра

284

Советот на Општина Прилеп на 36 седница го донесе  Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, кој 2024 година ќе тежи 1.774.987.000 денари,(една милијарда и седумстотини седумдесет и пет милиони денари) или близу 29 милиони евра.

Буџетските пари ќе се трошат за изградба и реконструкција на улици и локални патишта и изградби на кружни текови, реконструкција на тротоари и пешачки патеки, за одржување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, (123,6 милиони  денари),  5,5 милиони денари се планирани за изградба на системи за водоснабдување, фекална и атмосферска канализација, 919 милиони денари за финасирање на основните и средните училшта.  90 милиони денари, или 1,5 милиони евра, од Буџетот се наменети за изградба на фабриката за рециклирање на отпад, а буџетските средства ќе бидат наменети и за поддршка на локалниот економски развој за 2024 година, за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија, за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливите категории на граѓани, за социјална заштита, за обезбедување на оброк за учениците во прво и второ одделение од основните училишта, за доделување на еднократна парична помош за новороденче, за доделување на стипендии на студенти од Општина Прилеп, за одржување културни манифестации и фестивали, за спорт и спортски манифестации, за одбележување на значајни настани, личности и празници, за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици …

Градоначалниот на Прилеп, Борче Јовчески, во своето излагање истакна дека  Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, е развоен и одржлив и планиран за потребие на граѓаните и  поквалитетно живеење на граѓаните на Прилеп.

 

„Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, во споредба со Буџетот за 2023 година, бележи раст за 253 милиони денари, што се должи на кратење на непродуктивните трошоци, зголемување на приходите, реални јавни набавки и транспарентно, чесно и законско работење.Новата 2024, повторно, ќе ни’ започне со работа и крирање на покалитени услуги за граѓаните. Во насока, на развојниот пат на Општина Прилеп, ќе започнеме со имплементирањето на предвидените проекти: Иградбата на кружниот тек на раскрсницата кај НУЦК „Марко Цепенков“, изградбата на катна гаража на паркинг – просторот зад „Леоне„, изградба на спортска сала во ООУ „Блаже Конески „„- истакна тој пред советниците .

Советниците од опозицијата имаа низа  забелешки за буџетските ставки, но на крај со 20 гласови „за“ и 1 воздржани, Буџетото на Општина Прилеп за 2024 година беше усвоен.  На дневен ред на днешната седница , пред советниците се најдоа 24  точки кои беа усвоени ,а беа предложени и неколку амадмани.

Денешната, 36-та седница на Советот на Општина Прилеп беше и последна седница на Советот на Општина Прилеп во годината што изминува, 2023 .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: