ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)Земјоделците ги очекува уште една тешка година, треба навреме да го заштитат производството

548

Секоја производна сезона носи нови предизвици за земјоделците и сточарите кои мора да се прилагодуваат кон временските услови. Современото земјоделство бара следење на климатолошките промени и прилагодување. Потребно е да се следат агрометеорошките прогнози. Температурите невообичано високи за овој период од годината, создаваат големи дневни осцилации од околу 20 степени целзиусови и со тоа предизвикуваат стресни ситуации кај есенските посеви и кај овошките. Пролетта е на прагот, а затоплувањето од почетокот на месецов  го забрза стартот на земјоделските работи на нивите. Дали е време за подготовка на расадопроизводство; кои и какви препарати, заштитни средства треба да се користат; која е превентивата од температурните стресни ситуации? Што велат агрономите кои будно ги следат метеоролошките прогнози, со цел да им излезат во пресрет на вистинските потреби на земјоделците. Разговаравме со Ели Ристеска, допро познат и признат стручњак агроном од Земјоделската аптека Фиталија :

„За годинава најавите се дека ќе имаме во периодот на рана пролет враќање на зимата, кратко лето и долга есен. Земјоделците ќе мора да ги прилагодуваат условите за оптимален раст и развој на посевите и насадите на големи температурни разлики и шокови. Препорачувам да се користат сертифицирани органски препарати за заштита и прихрана на почвата и растенијата со испитано европско потекло. Климата во Пелагонија, во прилепско, не е иста како што била пред неколку децении, потребно е да се избегнуваат традиционалните хемиски препарати како што е тарана или уреа.

Земјоделците имаат одлични алтернативни средства на природна база, како што на пример се морските алги. Со тоа се постигнуваат повеќе ефекти: не ја загадуваме почвата со амонијак или азот, го штитиме нашето здравје и на другите, а ќе заштедеме и пари.  Во Земјоделската аптека Фиталија располагаме со голем асортиман на препарати за прихрана и заштита, изготвуваме индивидуални програми прилагодени на специфичните услови и потреби, вели Ели Ристеска, агроном.

Целиот разговор и советите од агроном Ели Ристеска проследете го на следниот линк:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: