ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Бесплатен јавен градски превоз за сите во недела, одлучи Советот на Општина Прилеп на денешна седница

446

Долгочасовното траење на Седница на Советот на Општина Прилеп повотрно донесе препреки меѓу власта и опозицијата. Предмет на расправа особено беше носењето на одлуката за развојната програма за 2023-2025 година на Општина Прилеп, предлог – одлука за проширување на Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година како и одлуката за измената на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Прилеп.

Советниците од опозицијата сметаа дека  понудената програма за развој на Прилеп  нема  развојни компоненти, туку тоа се тековни работи на локалната власт.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој присуствуваше на денешната седница, одговараше на советнички прашања поврзани со работењето на локалната власт и ЈКП во Прилеп, но дискутираше и за  развојна програма и за проектите кои се планирани за подобар Прилеп.

Претседателот на Совет при Општина Прилеп, Дејан Проданоски по завршувањето на седницата соопшти дека Општина Прилеп во својта развојна програма ги стави рехабилитацијата на прилепските улици во должина од 68.000 метри квадратни и досега не се случило во една година да се рехабилитираат толку улици „иако, бевме критикувани од опозицијата поради оваа одлука, сметам дека ова ќе има позитеивен одѕив кај нашите сограѓани. А, со започување на градежната сезона ќе почне и ќе заврши изградбата на доводниот цевковод за водоснабдување во нас.место Канатларци, кој од новиот буџет ќе се издвојат 18 милиони денари за непречено водоснабдување „- рече Проданоски, а во продолжение слушнете ја и погледнете ја целата негова изјава:

 

На деншнта седница се дискутираше и за кварталните финасиски извештаи на сите ЈКП , вклучително и на ЈПЕД ЕНЕРГО ПРИЛЕП – Прилеп и  на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески Платник”, а советницити беа
информирани и за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од општа надлежност- Прилеп за безбедносната состојба во градот во текот на првото полугодие од 2022 година.

На денешната седница беше донесена и одлука за користење на бесплатен јавен градки превоз за сите граѓани во недела, која беше бездвоумење, едногласно прифатена од сите советници.

 

и

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: