ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Ристеска: Климатските промени се реалност со кои традиционалното земјоделство не може да се справи

325

Земјоделска аптека Фиталија позади катната гаража кај стара автобуска станица во Прилеп секогаш на страна на земјоделците: поледелци, градинари, тутунопроизводители, сточари, овоштари со благовремени совети за справување со климатските промени, надминување на предизвиците со прекумерна и неконтролирана употреба на хемиски препарати. Во разговор за програмата „Радио што се гледа“ Ели Ристеска, агроном, стручњак од доверба кај земјоделците вели дека потребни се испитани, гарантирани и применливи препарати со органско потекло од земји кои имаат поголемо искуство за примена на модерни препати.

„Со правилна употреба на препорачани производи достапни во Земјоделската аптека Фиталија земјоделците ќе можат да ги решат дилемите за заштита од штетници, болести и во исто време прихрана на земјоделските посеви и насади. Не мора да пазаруваат од кај нас, доволно е да ги применат советите и програмата која што ќе им ја нудиме во зависност од производството и квалитетот на почвата. Современото земјоделство бара многу повеќе од примена на традиционалните препарати кои нашите татковци и дедовци ги користеле, на пример како што е тараната. Ние нудиме органски препарати кои имаат поголема економска исплатливост и ефикасност против температурни стресови, болести и штетници. Наши партнери се компании производители од Белгија, Данска, Шпанија и Турција “, вели Ели Ристеска, агроном и сопственик на Фиталија.

Целиот разговор на следниот линк:

За успешните приказни говорат опитите реализирани на терен во ек на расадопроизводство на тутун, пиперка, како и кај житните култури. Производството се стекнува со потребниот имунитет, преку правилен развој на кореновиот систем, проток на потребно количество вода, заштита од температурни шокови присутни од почетокот на пролетва:

 

  • NK12 е органско минерално ѓубриво со висока концентрација на аминокиселини и морски алги и доволна количина на бор. NK12 наменет е за нормален развој во текот на вегетацијата кај сите полјоделски култури како тутун, пипер, житни култури итн… Одлични резултати има и кај лозарство, овоштарство, хортикултура, цвеќарство… Ефектите од NK12 се највидливи во периодите на стрес како: при обилни кисели дождови, високи и ниски температури, појава на град, ветар и други климатски промени.
  • Табакосер може да се користи со Пастакафаро како фунгицид за третирање на температурни стресови, напад на вирусни и габични инфекции.

Советувајте се со искусни стручњаци во областа на аграрот во Земјоделска аптека Фиталија, позади катната гаража кај старата автобуска станица во Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: