ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Витаминка на саемско претставување на Ануга 2023 во Германија

430

Со изложување на целосната слатка и солена програма, Витаминка и оваа година се претставува пред светската јавност на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга којшто се одржува во Келн, Германија. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да се запознаат и да ги пробаат производите на
компанијата, посебно новитетите кои веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.

„Ануга е центарот на сите значајни произведувачи на храна и пијалаци и новите трендови и иновации на производи се од особен интерес. И самото учеството заедно со други производители од светски ранг е потврда за успешноста на Витаминка надвор од македонските граници и говори дека сте реномирано и значајно име во индустријата со храна. Ова секако отвора нови можности за деловни соработки, за нови пазари и проширување на присуството на брендовите на Витаминка“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Покрај главното саемско претставување, Ануга нуди дополнителни активности и содржини, што го прави атрактивен не само за изложувачите, туку и за сопственици на малопродажни ланци, произведувачи на полупроизводи, трговци но и граѓани. Оваа година изложуваат околу 7 800 изложувачи од 118 земји од целиот свет кои се инспирираат од најголемиот избор производи и бараат можност за својот производ.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: