ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Владата планира од септември за увоз на работници од странство

179

Од септември ќе има законски измени за зголемување на квотата на работни дозволи за странци. Странските работници ќе ги пополнуваат слободните работни места во државата, кои во моментов се над 10.000. Ваквата најава доаѓа од вицепремиерот Битиќи  кој  според него, нема да наштети ако квотата на работни дозволи за странци се зголеми двојно. Олеснувањето на процедурите за прием на работници од странство и зголемувањето на квотите од досегашните пет илјади на десет илјади работници, се добредојдени и за Организацијата на работодавачи на Македонија, кои ги поддржуваат најавените законски измени.

Со почеток на летната сезона, започна и ангажманот на странските работници во Македонија. Агенцијата за вработување од почетокот на годината досега издадала над 2.700 работни дозволи на странци. Странски работници најмногу има во главниот град, во Куманово, Битола, Тетово, Велес, Гостивар  и  Прилеп и тие најчесто работат во засега најпогодените сектори: градежништвото, угостителството и пекарската индустрија.

Дел од текстот преземен од Телевизија 24 : https://24.mk/details/vladata-planira-od-septemvri-da-ja-zgolemi-kvotata-na-rabotni-dozvoli-za-stranci

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: