ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Трио Долче ја воодушеви прилепската публика

341
Синоќа во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп публиката уживаше во концертот на групата Трио Долче, женски музички состав: Светлана Богданоска-Ристоски (флејта), Андријана Дукоска-Чело (виолончело) и Марија Шамоска-Буџаковски (пијано) формиран во 2016 год, кој активно и успешно музицира, како на домашната така и на меѓународната сцена.
Синоќа беа изведеи дела на Farrenc, Weber, Brahms, Piazzolla, Трајко Прокопиев, Monti.. ,а прилепската публиката со бурен аплaуз ја награди секоја нивна изведба.
Инаку, во своето 6 годишно постоење, Трио Долче е успешна група која има добиено повеќе награди на межународната и македонската музичка сцена: – Прва награда – „LAUREATЕ“ златен медал, на меѓународниот уметнички фестивал во Италија – „Future Stars“ на фондацијата Sopravista International Festoval – Contest, во категоријата Инструментална музика, Втора награда, во категоријата Инструментална музика за камерни состави, на еден од најпрестижните Меѓународни музички натпревари во Москва, Русија – International Moscow Music Competition / Second prize winners, Прва награда „LAUREATE“ на INTERNATIONAL ONLINE CONTEST “PROMETHEUS” – Болоња, Италија ,а на реномираниот музички фестивал MUZIKALE DELLE NAZIONI – Concerti del Tempietto во РИМ (ИТАЛИЈА), минатата година Трио Долче одржа целовечерен концерт во Teatro di Marcello. Во септември, минатата година, одржа целовечерен концерт и во црквата „Св. Софија“ во Охрид.
Текст, фото и видео: Христијан Ангелски (млад соработник на Радио Пела)
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: