ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп казнет возач со 4,55 промили алкохол

1.150

Тешко пијан возач е запрен во Прилеп од сообраќајната полиција, околу 2 часот по полноќ , а при тестирањето со дрегер-апарат, се покажале речиси  неверојатни вредности – 4,55 промили алкохол во крвта.

Во сообраќајна контрола на полицијата, ноќеска на подрачјето на СВР Битола биле казнети 58 возачи. Меѓу нив е и возач во Прилеп кај кого биле измерени 4,55 промили алкохол. Oд санкционираните возачи 29 биле возачи во Прилеп, 13 во Битола, 6 во Крушево , 5 во Македонски Брод, 3 во Ресен и 2 во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци.

Како што соопшти МВР, засилената акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол била спроведена од 23 до 5 часот.

Водејќи се од фактот дека во различните држави има различен  праг на толеранција, односно максимално дозволените количини на алкохол во крвта се различни,  РСБСП има изготвено табеларен преглед за  Дозволено количество алкохол во крвта за возачи, комерцијални возачи и возачи почетници прикажани во грамови на литар, која ви ја пренесуваме во целост за дел од државите каде Македонците нјачесто патуваат .Во однос на ограничувањата на алкохол кои се однесуваат за возачите во Република Македонија, дозволено количество алкохол во крвта изнесува о,5 промили

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: