ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градската библиотека одбележа 82 години од смртта на Борка Талески

169
Во организација на ЈОУ Градска библиотека Прилеп денеска беа одбележани 82 години од смртта народниот херој Борка Талески, патронот на оваа институција. Делегации од Библиотеката, од Општина Прилеп, од општинската организација на Сојузот на борци -Прилеп,  положија свежо цвеќе пред споменикот на местото на убиството на Борка Талески и Лазо Филиповски – Лавски во месноста Чашка кај Плетар, пред бистите во Алејата на народните херои на Могилата на непобедените и пред бистата на Борка Талески, во Библиотеката.
– Осум децении по смртта на овој млад и авангарден човек, градската библиотека и градската болница во неговиот роден град, го носат неговото име, го чествуваат со пиетет неговото дело, делото на херојот којшто иако живеел само 21 година со своите идеи, заложби, делување и учество во НОБ, оставил неизбришиви траги во македонската историја и антифашистичката борба за слобода на македонскиот народ и формирање на македонска држава“, посочи меѓу другото во обраќањето пред присутните Моника Талеска, директорка на ЈОУ „Борка Талески“ Прилеп.

Борка Талески бил македонски комунист, револуционер, партизан, борец во НОБ и народен херој на Југославија од Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието против фашистичкиот окупатор започнато на 11 октомври 1941 година во Прилеп. Тој бил дел од Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, кој на 11 октомври 1941 год. во Прилеп го извршил првиот организиран напад врз бугарската фашистичка полиција, кој ден подоцна ќе се смета за почеток на востанието во Македонија.

Во 1942 година Талески повторно дејствувал во Прилеп, за подоцна да го пратат на задача во
Кавадарци, каде што ќе дејствува заедно со Лазо Филипов Лавски, човекот кој на 8 септември 1941 кај Богомилскиот тунел кај Велес, прв убива бугарски фашист во Македонија.
На 2 март 1942 година, околу 15 часот, движејќи се од Кавадарци кон Прилеп, во месноста Чашка, во близина на селото Плетвар, по претходно предавство, Борка Талески и Лазо Филипов – Лавски, паѓаат во заседа подготвена од бугарската фашистичка полиција. Тој ден двајцата млади македонски револуцонери ќе ја положат својата младост за слободата на МАКЕДОНИЈА.
Талески загинува на 21 година, а Лавски на 24 години.

Борка Талески постхумно е прогласен за народен херој на 11 Октомври 1951 година, со орден од Маршалот Тито.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: