ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај Камен дол, на патот Росоман – Прилеп

1.268
Двајца починати и тројца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Росоман – Прилеп во близина на Камен дол, информираше КТВ телевизија. Како што информираат од АМСМ сеуште трае прекинот на сообраќај: Од 06:40ч сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода на 500 метри од крстосницата “Камен Дол”.
Во сообраќајката учествувале четири возила. Интервенираа три екипи на итната медицинска помош Кавадарци ни потврди д-р Ратко Грков, началник на брзата помош.
„Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се препратени во клиничкиот центар“ информира д-р Грков.
Поради сериозното оштетување на возилата во извлекување на повредените интервенирала и противпожарната единица од Кавадарци, стои во информацијата од локалната  КТВ телевизија.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: