ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за претседателските избори

83

Актуелниот претседател, Стево Пендаровски, како кандидат на СДСМ ќе биде прв на гласачкото ливче. Кандидатката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Дафкова број 2, Стевчо Јакимовски како кандидат на ГРОМ 3-ти, Бујар Османи од ДУИ број четири, Билјана Ванковска како кандидат на Левица петта, шест на гласачкото место Арбен Таравари од коалицијата Вреди и седми кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски како кандидат на ЗНАМ – ДИК, преку ждребка денеска ДИК  го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче за претседателските избори.

На овие претседателски избори кои ќе се одржат на 24-ти април, гласачкото ливче за првпат ќе биде најдолго со седум кандидати кои влегуваат во трката за нов шеф на државата. Вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Согласно процедурите, кампањата за избор на претседател започнува на 4-ти април.

Во дијаспората ќе бидат спроведени само претседателски избори, бидејќи не беа пријавени доволно  иселеници за да се исполни условот од 5355 гласачи за да се одржат и парламентарните.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: