ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За еден месец 180 пожари на отворено во прилепско и долненско

157

За еден месец, од 1 септември до 28ми, ТППЕ-Прилеп интервенирала на 180 пожари на отворено. Од нив 120 биле во Општина Долнени, што значи 70% од интервениците на прилепските пожарникари биле во  Општина Долнени.  Во изминативе 48 часа, пожарникарите се активни како во гаснењето на пожари , така и ма заштита и  обезбедување на црковни и манастирски комплекси од пожарите,  особено во долненскиот регион.

„Неколку села, така речено, се извлечени од оган.  Месното население во Општина Долнени е делумно вклучено во борбата со пожарите на нивната општина, затоа упатувам апел до сето работоспособнo насление од општина Долнени, кога има пожар во нивниот двор, да се вклучат активно во припомош на пожарникарите, бидјеќи бројот на пожарникари е недоволен.„ рече командирот на ТППЕ -Прилеп, Христијан Момироски.

ТППЕ-Прилеп, со Општина Прилеп и Општина Долнени покрива најголема територија за делување во Македонија .

„Покриваме околу 1800 метри квадратни површина. Значи убедливо најголема територија по површина, со шуми, со стрништа ,со големо поле и многу манастирски и црковни објекти, а нашиот капацитет е 34 професионално вработени пожарникари и 12 сезонски ангажирани лица преку локалната самоуправа на Општина Прилеп, и со доста стар возен парк, иако со опрема оваа година нешто се опремивме, но ни’ треба уште“- вели комадирот, Момироски

Активните пожари кои деновиве се појавија во Општина Долнени веќе се локализирани. Пмогнале  и екипи од Македонски шуми, ЦУК и ДЗС.

“Пожарот во Слепче е изгаснат во текот на вчерашниот ден, исто беа ангажирани Ер трактори за пожарот во село Гостиражни, и тој пожар е изгаснат. За не милост ни се појави пожар над манастирот Св.Недела во Стровија. Огнот беше на 50 метри од манастирот,но успешно се справивме и го заштитивме манастирот. И, како што споменав, изминатиот период заштитувавме манастири, цркви и села од пожари и за среќа не ни’ се случи никаква катастрофа, ни по човечки живот , ни по објекти“ – обајсни Момироски, апелирајќи до грѓаните да внимаваат кога се движат на отворено за да не предизвикуваат пожари.

Инаку, според Законот за пожарникарство на 1500 жители треба да има 1 пожарникар. Имајќи, во предвид дека Општина Прилеп има 60.000 жители ,таа како општина треба да има околу 45 професионални пожарникари. А, бидјеќи тука е и општина Долнени со 12/13  илијади жители ,ТППЕ-Приел треба да има уште 9 пожарникари, или севкупно да брои 55 порофесионани пожарникари.

Моментно, ТППЕ – Прилеп има 46 пожарникари, број  доволно да ја покрива Општина Прилеп,но не и другите општини.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: