ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За соживот – „Ашуре„ во с. Канатларци

1.033

Ашуре е слатка варена пченица со ореви  и други зрнести плодови.Се смета за најстарото слатко јадење во Светот.Во турската традиција, ова јадење најмногу се прави во десеттиот или после десеттиот месец од исламскиот месечен календар.

Жителите од с Канатларци, оваа трдиција ја слават со векови.  И,по тој повод градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски , со преставници од локалната власт,  денеска го посетија  Канатларци и беа гости на традиционално Ашуре, а Јовчески, дури и помогна во подготовката на Ашурето.

При оваа прилика,  тој,  на својот Фејсбук профил, ја посочи важноста во негувањето  на традиционалните вредности, нагласувајќи дека соживотот и заедничката соработка со турското население во Општина Прилеп преставува вистински пример за меѓуетничко уважување и почитување.

Инаку, оваа востановена традиција што ја практикува Бекташиската заедница од ова село Канатларци,  каде што претежно живее 90%  турско население, го симболизира споделувањето, солидарноста, љубовта, богатството и заедничкиот живот со сите народи и верски заедници. Според, верувањата, традицијата за ашуре во нивното село  е стара со векови, а започнала од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се спасуваат од потопот. „Откако бродот пристигнува на брегот, храната во бродот се собирала и се направил еден оброк. Тој оброк се нарекува ашуре.„ раскажуваат од с. Канатларци за постоењето на „ашуре„

Ашуре(то) се смета за првиот сладок производ каде што дванаеесет производи се спојуваат во една смеса и се споделува со соседите, пријателите и роднините. Токму тоа прествува и денеск симбол  за тоа како со сите луѓе  треба да се  живее во заедничка хармонија, затоа Ашурето се нарекува и „јадење на љубовта и хуманоста„

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: