ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Концерт на оперски арии, дуети и соло пеење во НУЦК„Марко Цепенков“ (видео)

305
Синоќа, во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп се одржа концерт за тенор, сопран и пијано. Концертот на оперски арии, дуети и соло пеење во изведба на Илија Белистојаноски (тенор), Ана Митоска (сопран) и професор Дарко Мариновски (пијано) преставуваше пријатна монцертна вечер со спектар од композиции и внимателно избрани музички дела, напишани од класиците на музиката: Антонио Калдара, Џакомо Пучини, Џузепе Верди, Волфганг Амадеус-Моцарт, Георг Фридрих-Хендл, Пиетро Маскањи, Жил Масне, Марин Ламберт, Џакомо Доницети и Винченцо Белини.

 

Љубители на класичната музика,  уживаа во секоја испеана нота,а тројцата изведувачи низ нивните интерпретации меѓу публиакта ја донесоа магијата на музиката со многу емоции, страст  и со чистината на вокалната изведба,  додека пак професор Дарко Мариновски на пијано, ги оплемени овие дела со своето мајсторство.
На концертот беа изведени 13 композиции меѓу кои е: Per il mar del pianto mio (ариа од ароториумот)- во изведба на Ана Митоска Vaga luna, che ingranti (ариета)- во извдба на Илија Белистојаноски The morning lark (арија од операта „Семеле’’)- во изведба на Ана Митоска O lola ch’ai di latti la camissa (Сицилијана)- во изведба на Илија Белитојаноски Playing love (тема од филмот „The legend of 1990“)- во изведба на Дарко Мариновски La ci darem la mano (дует на Ѕерлина и Дон Џовани од операта „Дон Џовани“)- во изведба на Ана Митоска и Илија Белистојаноски Core ’ngrato (наполитанска канцона)- во изведба на Илија Белистојаноски и Ана Митоска…
Илија Белистојаноски е роден во Прилеп. Основно образование завршува во Прилеп, а потоа се запишува на Државното музичко училиште во Битола. По завршувањето на средното образование тој се запишува на факултетот за мизичка академија во Штип во класата на реномираниот оперски пејач професор Борис Трајанов. Белистојаноски редовно учевствува на сите концерти во чест на професор Коста Трпков заедно со оркестарот од Македонската Опера и Балет (МОБ).
Ана Митоска- дипломирала на Факултеот за музичка уметност во Скопје во класата на професпр Славица Галиќ-Петровска. Има учевствувано на неколку мастер класеви во Македонија како и во странство под водство на Ема Киркби, Бенџмин Бебги, Катерина Ливјаниќ, Јосиф Герџиков, Михајло Арсески, Питер Шишоли и многу други.
Дарко Мариновски- дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1997 година во класата на реномираниот професор Борис Романов. Мариновски неговите магистерски студии ги завршува во 2000 година под менторство на професор Јасмина Чакар. Имено, за време на студиите Дарко Мариновски одржува повеќе концерти како и бројни настапи во Македонија во рамките на културните манифестации Скопксо и Охридско лето, а исто така одржува настапи и концерти во соседна Република Бугарија.
Текст, фото и видео: Христијан Ангелески ( млад соработник на Радио Пела) 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: