ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Златески: Приоритети за заштитата и унапредување на животната средина

73

Никола Златески, кандидат за пратеник за ИЕ4 од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, на прес конференција ги посочи предлог проектите за заштита на животната средина:

„Додека СДСМ во паника после кататрофалниот пораз во првиот круг на претседателските избори размислува на изборни фалсификати, нечесни предизборни коалицирања со криминалното подземје, поткуп и уцени на македонскиот гласач, ВМРО-ДПМНЕ чесно и одговорно пред Вас граѓаните ја претставува Програмата со која Македонија повторно ќе застане гордо.

Како еден од нашите приоритети секако е заштитата и унапредувањето на животната средина. Предвидуваме програма за грантови и поволни кредити за 150 илјади домаќинства за поставување нови енергетски ефикасни фасади, прозорци и врати, како и субвенции на граѓаните до 50% од цената за набавка и инсталација на енергетски ефикасна опрема. Промена на начинот на загревање на повеќе од 600 објекти на државни и јавни институции користат мазут или цврсти горива за загревање или технолошки потреби. Изработка на Методологија за превенција на загадувањето од урбаните заедници и Методологија за решавање на проблемот на загадување на воздухот од големите капацитети кои се наоѓаат блиску до урбаните средини.

Сеопфатен систем за поддршка на користење на чисти горива во такси превозот на начин што такси превозниците ќе бидат финансиски ослободени за набавка на возила без емисија на цврсти честички и без бучава.

Програма за пошумување на Македонски шуми, која ќе предвидува 10 милиони садници годишно во руралните и во планинските предели, во и околу урбаните центри т.е. секоја година по 500 000 садници.

Почитувани сограѓани, зад нас се седумте години на деструкција, криминал и пустош кои ги оставија СДСМ и нивниот коалиционен партнер ДУИ. Пред нас претстои макотрпна работа уште од првиот ден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, работа во која заедно со Вас граѓаните, Македонија повторно ќе застане гордо.

Затоа масовно во среда на 6- ти Мај да дадеме поддршка за бр. 2 за листата на пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и бр. 2 за Гордана Силјановска Давкова за Претседател на Македонија,“ рече Златески кандидат за пратеник од Коалицијата Твоја Македонија за ИЕ 4.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: