ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео)На Светскиот ден на здравјето – Комфи Ангел донира комплет постелнина за сите болнички одделнија за болницата во Прилеп

2.716

 

Честитајќи им го Светскиот ден на здравјето и искажувајќи благодарност за еден спасен човечки живот од лекарските екипи  на ЈЗУ „Борка Талески“ – Прилеп и Скопската Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување (КАРИЛ), компанијата Комфи Ангел, денска на двете институции им донира комплети креветски постелен веш, од својот асортиман на производи, за опремување на болничкитете легла на сите одделенија од овие две институции.

За прилепската болница компанијата донира над 400 креветски постелен веш, со што би се опремиле сите болнички одделенија со нова постелнина. Донацијата ја прими директорката на ЈЗУ “Борка Талески“, Кети Смилеска, која при оваа прилика изрази голема благоданост до компанијата Комфи Ангел и упати апел до сите опшествено одговорни компании да помагаат во подобрување на квалитетот на здравствените услуги  во јавното здравство и во унапредување на работните можности за здравствените работници.

Компанијата е крајно благодарна до здравствените работници што спасиле еден човечки живот, работник во нивната компанија.

 

„Причината за оваа донација е благодарност за еден спасен живот, живот на нашиот Саше, работник во нашата компанија. А, болницата и здравствените работници, не себично му пружија максимална помош и спасиија еден човечки живот. Благодарност и до КАРИЛ за  нивната брза и професионална интервенција. Ние во Македонија, навистина, имаме здравествени- уметници кои можат од не возможното, возможно да направат. Тоа е случајот со  нашиот Саше, кој ни се врати здрав и жив и ќе продолжи да работи во нашата компанија, благодарение на овие пожртвувани професионалци. Грижата на работниците, нам, ни е на првото место. Минорна и многу и мала помошта која ја даваме во моментот. Вредноста во пари е 12 ооо евра. Но, целта ни е двете болници да се опремат за подолгорочно со  комплети од нашите производи, за да служат за потребите на пациентите. Им благодариме на здравствените работници што се грижат за нашето здравје. Време е да ги почитуваме повеќе, затоа што тоа тие го заслужуваат„ – истакна првиот човек на компанијата Комфи Ангел, Ирена Јакимовска.

Денеска здравствените работници го одбележаа 7 Април , Денот на Здравството, ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето. Денот пригодно беше одбележан и во ЈЗУ со проширена дејност “Борка Талески“- Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: