ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи отворени средби во Прилеп

153

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) организира отворени средби со граѓаните, сo претставници на граѓанскиот сектор и на локалните институции покрај останатите градови и во Прилеп. Средбата ќе се одржи утре (среда, 27 септември 2023) во салата на Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп.

На овие отворени средби, кои се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, присутните граѓани ќе имаат можност, преку директна комуникација со членови и вработени во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, да се запознаат со надлежностите и начинот на работа на ова независно институционално тело задолжено за промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација.

Средбите нудат дополнителна можност за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво, заради навремено препознавање на сите облици на дискриминација, како и унапредување на меѓусебната комуникација и соработка, со цел за нејзино ефикасно сузбивање.

Комисијата, отворена средба оваа работна недела организира и за в четврток, 28 септември 2023, во зградата на скопската општина Шуто Оризари.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: