ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Триесет и деветгодишен маж од с.Крушеани управувајќи мопед удрил во паркиран автомобил и се повредил

534

Вчера, околу 22.30 минути триесет и деветгодишен маж од село Крушеани управувајќи мопед изгубил контрола и удрив во паркиран автомобил при што тешко се повредил.

„На 22.08.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Капетан Игор Ѓорески“ во с.Обршани, општина Кривогаштани, И.К.(39) од с.Крушеани, општина Кривогаштани, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.Ш.(45) од с.Обршани. По несреќата, И.К. бил пренесен во Градската болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од ОВР Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: