ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонската рурална жена е сеуште дескриминирана без право на породилно отсуство и боледување

514

Кристина Огненоска од селото Милошево се занимава со сточарство и тутунопроизводство. Како млада сака да биде напреден производител, но неопходни се социјална и економска поддршка од државата и институциите, вели таа на одбележувањето на Денот на руралната жена  15 ти октомври, посочувајќи ги тешкотиите на жената-земјоделка:

„Немам право на породилно, на боледување, децата си ги носам со мене на нива. Немам помош од државата. Сакам да се занимавам со сточарство, повеќе од  колку да работам во државна фирма, иако сум млада. Ама ги намалија субвенциите . Една мајка да се занимава со земјоделие е многу тешко“, вели Огненоска.

 

Македонија е на последното место од девет држави во Европа и од дел држави од Балканот, кога станува збор за социоекономските права на руралните жени, немаат право на боледување, немаат право на породилно отсуство.  „Дискриминирани се во однос на другите жени“, беше констатирано на денешната Конференција „Социјални, здравствени права и родова еднаквост во руралните средини“ што во прилепската градска библиотека „Борка Талески“ се одржа во Прилеп по повод 15 октомври, Меѓународниот ден на жените од руралните средини, организирана од страна на ЛАГ АГРО ЛИДЕР Кривогаштани.

„За разлика  од кај нас, во сите други анализирани земји (четири земји од поранешна Југославија, Германија, Полска, Естонија, Литванија, Бугарија) жените земјоделки имаат можност на платено породилно отсуство, имаат право на платено родителско отсуство под определени услови, а исто така, во голем број од државите што ги анализиравме, лицата кои вршат земјоделска дејност имаат право и на платено боледување. Во сите држави, а и кај нас, земјоделците се обврзници на задолжително социјално осигурување. Штом го плаќате тоа осигурување како економска активна категорија, треба да ги уживате сите права како и сите други економско активни категории. Кај нас го плаќаат, но, за жал, тие немаат право на парични надоместоци“, изјави Гоце Коцевски, од Македонско здружение на млади правници и мрежа за заштита од дискриминација.

Во Собранието се предложија промени на Законот за здравствено осигурување. Само е констатирано дека има потреба од тоа. Преку програма на Министерството за земјоделство жените земјоделки кои раѓаат добиваат 80.000 денари поделени на 9 месеци, но тоа од граѓанските организации се оценува како социјална помош.

„Подолго време бараме од Собрението жените земјоделки да имаат правона платено породилно боледување и да се најде решение за надоместоците што се селуваат при повреда на работно место. Парламентот го изгласа ова законско решение, но тука застана работата. Апелираме комисијата за здравство итно да го разгледа овој закон за да тргне постапката, со што на жените ќе им се овозможи платено породилно отсуство. Согласно со нашето барање, законот предвидува, основа за пресметката да биде минималната плата и жените да може да го добиваат ова право под исти услови како сите други вработени жени“, рече Драгана Дрндаревска, од коалицијата „Маргини“, мрежа за заштита од дискриминација.

Организаторите на Денот на руралната жена,  15 ти октомври, ја истакнаа важноста на жената  земјоделка:

„Ова е повик до властите и општеството навистина да се изборат и жените од руралните средини, особено жените земјоделки, да ги добијат своите права и да се создадат можности за нивни социоекономски развој, затоа што тие се двигатели на напредокот и на одржливите заедници во ова општество“, смета Марина Тошеска од невладината организација „ЛАГ Агролидер“, кои ја организираа оваа конференцијата во присуство на преставници од релеватните институции, граѓани и граѓански активисти.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: