ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонија и Балканот се сеќаваат и вечно тагуваат: 16 години без Тоше Проески

352

На денешен ден, пред 16 години трагично го загуби животот еден од најголемите музички имиња, Тоше Проески , во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981. во Прилеп. Својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик.

Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

По 16-ти пат, и маратонците на 14 октомври започнаа да трчаат од Нова Градишка кон Крушево во чест на Тоше Проески  под насков„Трчаме за нашиот ангел“. Пред да тргнат на пат долг 900 километри, маратонците положија цвеќе пред споменикот на Тоше кај Новоградското електротехничко-економско училиште.  Во петокот ја посетија македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ каде беа пречекани од македонскиот амбасадор во Хрватска. Тие трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија,  до Скопје. Оттука ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат денеска, 16 октомври, околу пладне, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески. Учесниците ќе го завршат ултрамаратонот на Гумење

Инаку во чест на Тоше проески во Крушево на 25 април 2011 година е отворен и овој импозантен музеј, Спомен дом кој една деценија ја раскажува приказната за Тоше, за големиот музичар, за хуманистот, човекот кој и денес ги плени срцата на луѓето од земјава, Балканот и од Европа. Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево за десет години ја посетиле преку 700 000 гости.  Спомен-куќата е симболиката на сѐ во што веруваше Тоше, најпосетуваниот музеј на овие простори и со меѓународна награда за уникатно архитектонско дело. Во него се изложени 350 експонати, предмети, дел од животот на Тоше, а во депото има уште.

И 16 години по смртта, Тоше останува  непребол,за Македонија и Балканот ,а неговите песни остануваат како траенг белег за неговата љубов кон музиката и луѓето

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: