ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мобилниот парламентарен караван „Собрание за граѓаните“ во Прилеп

245

Мобилниот парламентарен караван, насловен „Собрание за граѓаните“, кој што е дел од активностите на Собранието се реализира со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста. Во Прилеп ќе се одржи на 03 ти ноември, в четврток, а на настанот учество ќе земат ученици и млади од општина Прилеп, а целта е тие да се здобијат со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата. Присутните на настанот ќе имаат можност и да се сретнат со пратениците од општина Прилеп Ане Лашкоска, Петар Ристески и Миле Талевски. Мобилниот парламентарен караван во Прилеп ќе биде поставен пред камената бина на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп или во кино салата “Мис Стон” доколку временските услови не дозволуваат настанот да се одвива на отворено. Настанот е со почеток од 11 часот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: