ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Наскоро Фестивал на пиперката во Кривогаштани

883

На 27ми Август 2023 година во општина Кривоштани со почеток во 17 часот за прв пат ќе се одржи Фестивал на пиперката. Целта на фестивалот е да се прослави црвеното злато на Кривогаштани преку убава музика, храна, дружење и забава.

Листата на изложувачи и останати учесници ќе биде објавена наскоро, кога ќе биде објавена и музичката програма за фестивалот. Покрај промоцијата за локалните производители и агро бизниси, целта на фестивалот е дополнително да даде поддршка на македонски изведувачи, па очекувајте одлични имиња од македонската домашна музичка сцена.

„Бидете подготвени за добра храна, музика и забава,“ посочуваат организаторите Општина Кривогаштани во соработка со ЛАГ Агро Лидер!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: