ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Неколку проекти за подобрување на квалитетот на живеење на ромското население во Прилеп

239

Од средствата наменети за имплементација на Стратегијата за Ромите од Министерство за транспорт и врски во општина Прилеп ќе се реконструира водоводна мрежа во повисокиот дел од улица „Дебарца“ и секундарни краци во износ од околу 1,1 милони денари, со што постепено ќе се решава проблемот со водоснабдување во најголемата ромска населба Тризла.

Општина Прилеп, исто така, е една од трите пилот општини каде што се реализира регионалниот проект „Јакнење на националните и локалните системи за поддршка ефективна социо-економска интеграција на повратници во Западен Балкан“, во партнерство со локалните заедници и Министерството за труд и социјална политика, а поддржано од Делегацијата на Европската Унија. Во рамките на овој  проект  е изврешено опремување на две училници во ООУ „Добре Јованоски“-Прилеп с за спроведување на образование на возрасни и за зголемен опфат на лица во активацијата на пазарот на труд.

Исто така, се  спроведоа и проект за бетонирање на улица Богомилска со крак Тризла и бетонирање на улица Богомилска со крак Гостиварска. Во рамките на ИПА се спроведува и поголем проект насочен во подобрување на условите за живеење, легализацијата и реконструкција на домовите на социјално ранлива категорија на граѓани од населбата Тризла.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: