ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нема економски развој без квалитетни социјални услуги!

Завршен настан од проектот „eHELP: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ПРЕКУ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ”

229

Со кои предизвици и проблеми се соочуваат граѓаните во социјален ризик, колку институциите можат да одговорат на потребите за квалитетни услуги во социјалната сфера, каква е улогата на граѓанските организации во детектирање на отворените прашања, поврзување и иницирање конкретни акции за решавање на проблемите. ЛАГ Агро Лидер е една од најпрепознатливите граѓански организации кои работат во областа на остварување на социјалната правда особено во руралната средина. На завршниот настан во рамките на проектот „eHELP: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ПРЕКУ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ВМРЕЖУВАЊЕ” присуствуваше г-н Харалд Фугер – Аташе на Република Австрија, претставници од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, јавни установи, од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп и од граѓански организации.

Кои се најголемите проблеми кои во рамките на проектот Е хелп се детектирани на терен од мобилниот тим во проектот за подобрување на пристапот за лицата од руралните средини и нивно подобро информирање, ја запрашавме Драгана Јосифоска.

– Детектиравме неколку предизвици со кои се соочуваат граѓаните од руралните средини: граѓаните не се доволно информирани за пристапот и остварувањето на правата од социјалната и детската заштита,имаат ограничени можности за советување и патување за решавање на социјалните проблеми со кои тие се соочуваат; инфраструктурни предизвици и институционални предизвици. Најчесто како еден од клучните проблеми со кои се соочува населението е ограничениот превоз и неможноста да дојдат до подрачните канцеларии на МТСП и Центарот за социјална работа во Прилеп.

Подрачните канцелариите ќе бидат се додека трае проектот, тоа е проблем кој што треба да се реши институционално од ресорното министерство, а граѓаните навистина имаат потреба од нив, како место каде што подобро и побрзо ќе ги доставуваат своите барања од областа на социјална заштита. Населението во трите општини демографски старее, младите емигрираат, така што повозрасната категорија лица остануваат сами. Со воведувањето на новата услуга за помош и грижа на старите лица во нивните домови и активирање на 40 негователи преку проектот, ќе се овозможи оваа категорија лица да ја добиваат неопходната нега и помош, вели Драгана Јосифоска.

Во Општина Долнени нема јавна детска градинка, нема дневен центар за лица со попреченост. При остварувањето на социјалните права како рурална општина граѓаните имаат големи потешкотии, решавањето на проблемите оди тешко и покрај најавите од ресорното министерство и начелниот меѓуопштински договор, вели Ајше Муаремоска – Топалоска, претставник од општина Долнени.

Општина Долнени има голем број на проблеми и предизвици кои што треба се надминат и решат. Прво да кажам дека во општината иако има 13,5 илјади жители во моментов имаме околу 200 деца кои што можат да се вклучат во детска градинка, немаме објект за детска градинка. За децата со попреченост, за лицата со попреченост немаме дом за згрижување. Спомнав дека имаше некоја најава, некој начелен договор со градоначалниците од трите опптини од Прилеп, Кривогаштани и Долнени дека треба децата од општината со обезбедено комбе, возач додека не се створат услови додека не се направи дом за згрижување на децата да се носат во центарот во Прилеп каде што ќе можат да бидат згрижени. Но и покрај најавите и од министерката и градоначалниците ништо од сето тоа. Децата има родители кои што моментално имаме поплаки во општина ги носат сами со сопствен превоз во Прилеп, а тоа е голем трошок за родителите. Знаеме дека се тоа социјално загрозени семејства кои што егзистираат од земјоделство и кои имаат малку слободно време за да можат сите тие активности да ги обавуваат со своите деца иако мораат. Токму тоа и ние го баравме, да се обезбеди превоз до Прилеп, а се надеваме според најавата на директорот од Центарот за социјална работа да се реализира на регионално ниво, Ајше Муаремоска – Топалоска, претставник од општина Долнени.

Недостиг од дневни центри за лица со попреченост, детски градинки, подрачни канцеларии на министерството за социјална политика во помалите општини, недоволна информираност на граѓаните за остварување на нивните социјални права, се само дел од проблемите со кои секојдевно се соочуваат лицата во социјалне ризик. Ресорното министерство најави нова методологија – услуги за помош во домовите за старите лица и лица со попреченост.  Тоа е најхуманата услуга која што се развива во трите општини вели Дејан Тошески, директор на МЦСР Прилеп.

– Самата идеја на развој на овој тип на социјални услуги дава можност да се дава грижа за старите лица, лицата со попреченост во условите, во домашни услови во оние во кои се навикнати да живеат и живееле целиот свој живот.

Обуката дадена на неговатeлите, е доволна за да истите можат да се носат со обврските кои ги имаат за грижата на лицата кои ќе ја користат оваа услуга. Сметам дека ова е најхуман метод за грижа и за нашата постара популација, а воедно да не треба истите да ги напуштаат своите домови да живеат во големи гломазни старски домови, каде што реално, колку и да се грижите да се работи, сепак, се едни по нехумани услови. Најхуманата услуга која што се развива тука во трите општини е оваа услуга, услугата Помош и нега во домот за стари лица и лица со попреченост, Дејан Тошески, директор на МЦСР Прилеп.

Иако е забележан значаен исчекор во отвореноста на општините, долг е патот до  заедничка цел – подобрување на квалитетот на животот, а особено обезбедување на поддршка за лицата во социјален ризик. Остануваат многу отворени прашања, а тоа е колку заедно можеме да се избориме и колку националните институции се отворени да ги слушнат нашите препораки и навистина да соработуваат и тие со единиците на локалната самоуправа, да се вклучат сите релевантни чинители и да се слушне гласот на граѓаните: каде треба да се направат мерки и иницијативи за реално да се задоволат нивните потреби, вели Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер.

-Политичарите и креаторите на политики стануваат свесни дека не можат да креираат политики без да ја знаат реалната состојба на терен. Дека секоја општина има свои специфични случаеви, секоја општина е специфична сама по себе и граѓаните од една, не мора да се исти со предизвиците од друга општина. Веќе почнуваат да се креираат политики по мерка на граѓаните, меѓутоа важна е и имплементацијата. Добри сме во пишување на пишаните документи и стратегии, меѓутоа некако сме послаби во реализација. Има придвижување особено во делот на развојот на социјалните услуги, а тоа е процес. Меѓутоа она што укажува ситуацијата на терен е нешто што не можеме да му даваме повеќе време, туку тоа се треба да се направи сега, веднаш и одма.

Не зборуваме само за социјални услуги, туку за пристап до права – и на национално ниво и општините се должни како законска обврска и според Уставот да обезбедат права за граѓаните во социјален ризик, особено за лицата со попреченост и останитите маргинализирани групи. Граѓанските организации верувајте дека се тие кои се на терен, кои најдобро ги детектираат предизвиците, најмногу имаат информации, а и најмногу се во контакт со граѓаните. Нивниот глас треба да биде слушнат и треба да учествуваат активно во процесите на креирање на политики на локално ниво. Она што ни недостасува е затвореноста во распределбата на средствата од Буџетот и во приоритетите што ги даваат општините. Не можеме да зборуваме за економски развој доколку немаме воспоставено добри социјални услуги и добросостојба на жителите. Со овој проект докажавме дека можеме заедно да работиме, дека можеме да правиме придвижување, меѓутоа ни недостига уште поголема соработка и партнерство помеѓу самиот граѓански сектор за самите да видиме во кое подрачје секој од нас би делувал и како заедно навистина ќе обезбедиме палета на услуги за граѓаните на нашата територија, потенцира Тошеска .

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: