ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Каде сме ние во статистиката на просечни плати од земјите на поранешна СФРЈ?

258

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 14,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Каде сме ние во статистиката на просечни плати од земјите на поранешна СФРЈ? Просечната плата во Босна и Херцеговина изнесувала 644 евра. Во Црна Гора во истиот месец биле исплатени просечно по 781 евра. Просечната плата во Србија во мај 2023 година изнесувала 729 евра, а просечната плата во Хрватска во 2023 година за истиот месец била 1.130 евра. Највисока просечна плата е во Словенија со 1.423 евра, а најниска во Македонија од близу 600 евра.

Во ЕУ за сиромашна личност се смета секој оној што заработува помалку од 60 отсто од просечната плата. Се зема и предвид реалната ситуација во секоја земја, како што се месечните трошоци за храна, комуналии, кирија.

Така, пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница. Од нив, 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравјето. Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат и трошоците на животот, 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто, се доаѓа до сумата од 48.620 денари.

Најниска просечна нето плата е во секторот Заштитни и истражни дејности 18.800 ден, Производство на кожи и слични поризводи од кожа 23.787 , производство  на облека 25.317 денари  …

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: