ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николоски: Од Прилеп му порачуваме на ДУИ, претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори

70

Од Прилеп, Александар Николоски, потпредседателот на ВМРО ДПМНЕ, упати порака до ДУИ дека претседател на државата се бирал, се бира и ќе се бира директно од народот на непосредни избори и ниедна уцена нема да помине, „затоа што“, како што рече тој  „не се во позиција да уценуваат, а граѓаните со масовната излезност и на 24 април и на 8 мај ќе кажат едно големо „не” на уцените„. ,рече тој.  „Пред нас се историски избори за Македонија, избори кои што ќе ја одредат судбината на Македонија во следните 20 до 30 години. Не случајно нервозата е голема и кај Пендаровски со се цело СДСМ и кај ДУИ. Од една страна го гледате Пендаровски почна да навредува, од друга страна ДУИ мисли уште може да уценува. Ни едното ни другото не поминуваат,“ рече од говорнициата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на митингот во Прилеп во рамките на претседателската предизборна кампања.

Стево Пендаровски наместо да одговори зошто штити криминал, зошто ги потпиша спорните измени на Кривичниот законик со кој што се штитат криминалците, наместо да одговори како прифаќа како прифаќа крадени народни пари за финансирање на неговата кампања, и наместо да одговори зошто не осуди ни една криминална афера во Македонија, тој навредува и тоа само го покажува неговото вистинско лице.“ рече тој пред насобраниот народ, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

Гледам дека заедно со СДСМ и со ДУИ се обидуваат да внесат хаос во Македонија. Но, тој хаос нема да се случи и нема да помине. Гледам од ДУИ сеуште мислат дека можат да уценуваат, па велат, доколку сакате ова или она  треба да поддржите избор на претседател на државата во Собрание”, посочи Николоски. и нагласи дека на Македонија и е потребен многу подобар претседател, кој што ќе се грижи Македонија да биде соодветно претставена и дома и надвор, ќе ги штити Уставот и законите, територијалната целовитост на Македонија, и ќе гледа Македонија да напредува, а таков предлог е Гордана Силјановска Давкова.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: