ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николоски- Филипче веројатни носители во 4ИЕ на листите за парламентарните избори од големите политчки партии

126

Фокусирајќи се главно на претседателските избори, политички партии , иако не официјално, но сепак ги  објавуваат имињата , особено на социјалните мрежи, на носителите на листите за парламентарните избори на 8 мај.

СДСМ, вчера, ги ставила предлозите на маса на состанок на раководството на партијата. Иако оттаму не ги потврдуваат имињата, освен на поранешниот премиер Димитар Ковачевски,  носител на листата во 4ИЕ, каде треба да го дадат гласот Прилепчани е  името на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој  се враќа во политиката.

Во ВМРО е појасно. Христијан Мицкоски за првпат влегува во листите со кандидати за пратеници како носител и тоа во изборната единица број еден. А, во четвртата носител на листата е Александар Николоски.

Формално сите партии, односно коалиции, официјалните листи со кандидати треба да ги достават до ДИК најдоцна до 2 април, односно 35 дена пред изборите. Изборната кампања за парламентарните избори започнува на 18 април.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: