ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Обоено и весело се одбележува „Неделата на детото“ во прилепските градинки

694

ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп и оваа година во рамки на одбележувањето на Светската недела на детето се вклучува со низа настани преку кои ги поттикнуваат креативните способности кај децата. Една таква активност денеска се одржа во градинката “Мирче Ацев“ во населбата Вишне. Децата се запознаваа со боите, сликаа, се дружеа и учеа низ игра.

„Првата полна седмица од октомври се одбележува како Недела на детето. За таа цел во текот на оваа седмица ќе реализираме различни активности. Мотото оваа година е „Боите околу нас“. Во нашите објекти реализираме различни спортски и ликовни активности, посета на галерија, посета на ателје, а во петок ќе завршиме со една театарска претстава која е прилагодена за предучилишни деца и ќе ја изведува персоналот од нашите објекти, посочи Христина Трпческа, директор на ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп.

Прилепските детски градинки работат со ограничен капацитет кој што е надминат за 300 деца. Проблемот ќе биде надминат кога ќе се пушти во употреба новата градинка во Точила. До каде се процедурите и дали до крајот на годинава градинката ќе профункционира?

„Ние години наназад имаме проблем со капацитет за згрижување на децата како што е и во сите поголеми градови. Нашиот проектиран капацитет е 1020 деца, а оваа година имаме запишано 1310 деца. Очекуваме со отворањето на новиот објект во населбата Точила горе- долу ќе го решиме проблемот на родителите кои чекаат на листата на чекање. Во тек е остранувања на недостатоците и за неколку дена договорена е средба за да се изврши технички прием на објектот. Тука процесот не запира има уште неколку чекори кои ќе не’ доведат до отворање на овој објект. За колку време ќе биде ставена во функција новата градинка не зависи само од ЈОУДГ „Наша иднина“ туку зависи од многу фактори во цел овој процес, посочи Трпческа.

Во посета на градинката во населбата Вишне беа градоначалникот Борче Јовчески, советници и претседателот на Советот Дејан Проданоски.

– Да го изразам моето големо задоволство што сум тука присутен по покана на раководството на ЈОУДГ „Наша иднина“. Секогаш сме во поддршка како Совет на општина Прилеп, како општина во развојот на овие деца предучилишни. Се надевам дека за скоро време ќе има еден нов капацитет кој што ќе даде еден дополнителен број на места за згрижување на овие дечиња. Ја користам приликата да им честитам и на менаџментот, а особено на вработените затоа што еве низ ова што го видовме како активност ја поттикнуваат, ја градат креативноста кај овие деца. Им честитам затоа што ја имаат најодговорната и според мене најпозитивната работа што може да постои во општеството – да работите со млади луѓе, да ја градите иднината на оваа држава и се надевам дека ќе продолжат вака, ќе бидат успешни во посовремени објекти и со ред други објекти кои што треба да ги има овој град кој што го заслужува и се надевам дека до година овие изјави ќе ги даваме во еден нов објект кој што ќе ја посетуваат оваа ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп, рече Проданоски.

До крајот на „Неделата на детето“ во ЈОДГ Наша иднина Прилеп ќе биде весело, раздвижено и се’ во знак на стекнување на нови знаења, игра, песна и дружење.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: