ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Објавени повиците на МОН за финансиска поддршка на ученици и студенти

220

Министерството за образование и наука денеска го објави повикот за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и повикот за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година. Двата јавни повика се дел од пакетот антикризни мерки т. е. врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани и траат седум дена од објавувањето односно до 12 април 2024.

За повикот за ученици, кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан, а за вториот повик кој се однесува на студенти, кандидатите треба да се пријават електронски, на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk  Во двата повика се наведени документите потребни за аплицирање и детали за начинот на пријавување.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: