ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Понесете си чадор и денес – во Прилеп наврнаа 12 литри дожд на метар квадратен

188

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Претор , 22  литри на квадратен метар, во Охрид 17, во Тополчани 14, во Прилеп и Лазарополе 12, во Крушево 11, во Битола 10, во Штип седум, во Виница шест, во Дебар и во Маврови Анови пет литри на квадратен метар.Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка, пет степени, а најтопло во Демир Капија и Гевгелија, 15 степени.

Во текот на ноќта времето беше умерено облачно и дождливо. Од раните утрински часови има врнежи од дожд, кои локално во југозападниот дел од земјата беа пообилни, проследени со појава на грмежи.  Дува слаб до умерен, на места засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Времето денеска ,велат метеролозите ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа, особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 литри на квадратен метар), грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: