ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општината вели се “ОДЛОЖУВА“ организаторот вели се „ОТКАЖУВА“ Пивофест 2023?!

1.425

Од Здружението Интернационален фестивал за пиво и скара „Пиво фест 2003“ од Прилеп соопштија дека овогодинешното издание се одлага за следната година, кога фестивалот ќе се одржува на нова локација, концепт и содржина на програмата. Тие  додавдоа дека општинската седница на советот  за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот е предоцна донесена. Наводно, организаторите на фестивалот навремено поднеле барања на 17 ноември лани и во април 2023 година до Општина Прилеп за организација и локација на фестивалот, но до денешен ден не добиле официјално известување.И

Од Општина Прилеп,пак, излегоа со соопштение, во кои велат дека фестивалот (не споменувајќи го името Пивофест) се одлага . Оттаму тврдаат дека пристигнало само едно барање од Здружение, кое се пријавило како потенцијален организатор на фестивалот.

„Истото тоа здружение нема предвидено јасна финансиска конструкција ниту програма за реализација која што ќе гарантира професионална организација на настан од вакви размери. Би сакале да појасниме дека Општина Прилеп никогаш во минатото не била организатор туку само поддржувач на вакви манифестации што е случај и оваа година. Општина Прилеп и оваа 2023 година има предвидено да ја поддржи манифестацијата со 1 милион денари од Буџетот наменет за култура, кој што годинава изнесува 4 милиони денари“, стои во соопштението на Општина Прилеп.

Инаку, од прилепската локална самоуправа велат дека стојат на ставот оти манифестацијата треба да се одржи, бидејќи градот има културен, економски и туристички бенефит, но „недоволната поддршка за организација на годинешниот фестивал од повеќе фактори до овој момент“, влијаела на одлуката за одржување на оваа манифестација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: