ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Над 300 учесници на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски„

334

Над 300 негувачи на изворниот народен македонски мелос ќе земат учество на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски„ кој (утре и в сабота ) на 30 јуни и на 1 јули ќе се одржува во Прилеп и на Рудина, Долнени, во родното место на  гадаџијата Пеце Атанасоски.

Фестивалот постои 49 години, половина век,  и ниту едена година , дури и за време на пандемијата„ не е одложен.„ велат организаторите. Но, и оваа година ќе го нема дефилето,  поради ограничените средства, за овој единствен фестивал во Македонија, кој ги негува народните инструменти и изворното пеење. Оваа година на него ќе земат учество близу 300 изведувачи на народни инструменти и песни од сите краишта на Македонија, а се најавени и гости од Србија.

Отворањето на Фестивалот е на 30 јуни на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп во 19 часот со учество на професионален фолклорен ансамбл во Македонија Танец“ кој ќе настапат на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски  ревијално .

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: