ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општина Прилеп: инвестирани над 50 милиони денари во сите основни и средни училишта за 2 години

137

„Во првите две години од нашиот мандат како Локална самоуправа од Буџетот на Општина Прилеп одвоивме над 50 милиони денари за инвестициии во сите основни и средни училишта во општина Прилеп со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град и населените места и да изградиме поквалитетен образовен систем,“ стои во информацијата од општината:

Со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град и населените места и да изградиме поквалитетен образовен систем во првите две години од нашиот мандат како Локална самоуправа од Буџетот на Општина Прилеп одвоивме над 50 милиони денари за инвестициии во сите основни и средни училишта во општина Прилеп.

Благодарение на беспрекорната соработка помеѓу Општината и директорите на училиштата, во рамките на овие инвестиции направени се реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, канцелариите, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се образовни помагала смарт табли, хортикултурно и партерно уредување на дворовите, набавени се компјутери, телевизори и извршени се адаптации на неискористени простории.

Овие инфраструктурни уредувања и тековни активности кои ги реализираа училиштата  за подобрување на условите за работа и одвивање на наставно-образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование на нашите деца.

Децата и нивното образование остануваат наш приоритет, се вели во информацијата.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: