ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општина Прилеп набави возило за заловување и транспорт на бездомни кучиња

527

Општина Прилеп доби специјално возило кое ќе се употребува за заловување и транспорт на бездомни кучиња. „Сега неместо едно, во специјализираното ново возилото можат да се заловат и да се транспортираат повеќе кучиња до ветеринарната служба и до прифатилиштетот за кучиња, што значи службата за заловување на кучињата бездомници ќе биде поефикасна “ вели директорот на ЈКП „Комуналец“ вели Рубин Абрашокси.

Новото возело е добиено преку проект од Бирото за развој, а со него  ќе може да се транспортираат повеќе бездомни кучиња до прифатилиштето и до ветеринарната клиника за целосен третман. Возилото е опремено со кафези, вентилација и климатизација со дополнителна опрема што гарантира сигурност при транспортот до одредената дестинација, посочи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски кој изврши предавање на возилот на ЈКП „Комуналец“

“Благодарение на возилото за заловување на кучињата скитници се надеваме дека ќе се подобири ефикасност во заловување на бездоните кучиња и ефектот ќе биде поповолен за градот и граѓаните . Транспортното возило, кое ќе се користи за транспорт на бездомни кучиња во секакви услови, многу ќе ја олесни работата на терен, зашто досега постоеше ограничен капацитет и можност за превоз на повеќе од едно куче.“ рече тој.

Станува збор за возило што ќе го користи специјализирана служба на ЈКП Комуналец“  кое врши третман и транспорт на кучињата скитници и ќе служи при секојдневните акции за заловување на бездомни кучиња кои што ќе се транспортираат до ветеринарната станица и прифатилиштето за кучиња. Возилото е во вредност од над два милиони денари има шест метални транспортни кафези и е со ЕУ стандарди,  со заштитина опрема и безбедност како кон луѓето кои управуват со него, така и на кучињата,“  истакна директорот, на ЈКП Комуналец, Рубин Абрашоски

Инаку, споед податоците од ЈКП Комуналец во 2022 година, службата за заловување на кучиња скитници заловила 106 кучиња, а оваа година до септември заловени се 90 кучиња скитници . На прашањето колку досега средства се дадени од општинскиот буџет по основ на општетување на граѓаните кои биле каснати од кучиња“,  беше изјавено дека постои сомнеж дека дел од граѓаните ова го злоуоптребуаат и дека во иднина полицијата заедно со преставници на ЈКП ќе треба да утврдат за веродостојноста на исказите на граѓани каснати од кучиња скитници, зашто општината досега има исплатено околу 100.000 евра по основ на општување на граѓани каснати од куче скитник, заедно со сите трошоци во просек, по лице, од каснување од куче се исплаќале по 1.000 евра.

„Покажавме загриженост за големата сума на пријавени лица каснати од кучиња и методологијата како се докажува и верификува веродостојноста на повреденото лице. Поддадов и барање и до Јавното обвинителство да спроведат истражување и постапка доколку согледат доколку има неправилности во методот на докажување“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

Прилеп повеќе од една деценија  го спроведува проектот за хуман третман на бездомните кучиња. Според програмата, кучињата откако ќе се заловат , се транспортираат во стационарот за кучиња при ЈКП „Комуналец“ – Прилеп,  каде што може се врши медицински третман,  дел од кучињата скитници се подаруват и се згрижуваат во домови ,а дел од бездомните кучиња кои не се вдомeни по принципот ,, Залови, стерилизирај , врати’’, се обележани со ушна маркица, согласно закон и истите се враќаат на местото на залувување .

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: