ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пивофест Прилеп 2023 сепак ќе се одржи под ново име „Prilep Beer Weekend“

5.059

Настанот, кој сега се нарекува „Prilep Beer Weekend“ ќе трае од први до трети септември, соопштуваат од Општина Прилеп, а за деталните на програмата, кои се главните музички ѕвезди,  со колкав буџет годинава општината ќе ја поддржи манифестацијата, организаторите, заедно со општина Прилеп утре,понделеник,  ќе одржат прес конференција.

Првично, Пивофест Прилеп требаше да се одржи на средината на месец јули. Тогаш, ( пред месе и половина) од општината се огласија со соопштение и открија дека манифестацијата годинава нема да се одржи во утврдениот термин, бидејќи здружението кое се пријавило како потенцијален организатор на Пивофест, немало јасна финансиска конструкција, ниту пак програма за реализација, која би гарантирала професионална организација за настан од вакви размери.

Од општината тогаш потенцираа дека тие никогаш не биле организатор на Пивофест, туку само поддржувач. Тогаш истакнаа дека планирале да ја поддржат манифестацијата со сума од еден милион денари од Буџетот наменет за култура.

Фестивалот на скарата и пивото оваа годината ќе го одбележи дваесеттото јубилјено издание, но овој пат наместо „Пивофест 2023“ манифестацијата ќе носи ново име  „Prilep Beer Weekend“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: