ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПОВТОРНО ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВОЗЕЛ СО РЕКОРДНИ ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА

469

Прилепчанец возел низ Битола со 5,01 промили алкохол во крвта. Во вчерашната контрола на патиштата СВР Битола санкционирала 18 возачи за 35 видови прекршоци.

А, прилепчанецот-возач, кој сега руши рекорди во алкохол во крвата, синоќа, по полноќ,  управуваувајќи го возило под дејство на алкохол е санкциониран, бидјеќи кај него при контролата на полицијата се измерени неверојатни, 5,01 промили алкохол . Контролата на полицијата била по полноќ, од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола.

 

„При контролата санкционирани се 18 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци“, информираат  од СВР Битола.

Пред неколку дена кумановец бил санкциониран возејќи со 4,86 промило алкохол во крвта, а само пред една недели, минатиот викенд,  прилпечанец во возјеќи низ Прилеп по полноќ, при стопирање од страна на полицијата и тестирање со дрегер-апарат, се покажало, речиси  неверојатни вредности – 4,55 промили алкохол во крвта. Тогаш на социјалните мрежи некои неверуваа дека возачот можел да има толку количина алкохол во крвта,  некој го осудија, а некои сметаат дека дрегер-апарат „лаже„ .

Како и да е, повторно ја објавувамте табелата на РСБСП  за дозволено количество алкохол во крвта за возачи, комерцијални возачи и возачи почетници прикажани во грамови на литар во Македонија и надвор од неа, да користи како помош за дозволеното користење на алкохол при седнување пред воланот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: