ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Повторно силен дожд го поплави Прилеп

1.349

Невреме денеска, околу 15 часот што го зафати Прилеп, предизвика поплавени улици и отежната движење на возилата.  На социјалните мрежи веќе има фотографии од невремето,по улиците и од градската река.

Метеоролозите најавија дека ќе имаме обилни врнежи од дожд и грмежи.

Во Прилеп за кратко време наврнаа околу 20 л/м².

Минималната температура денеска се движеше во интервал од 10 до 17, а максималната  достигна  до 24 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: