ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Старата водоводна мрежа и дивите приклучоци причина Прилеп да има 53% загуби на вода. А, некогаш се фалевме дека загубите ги сведовме на 30%

637

Со  СКАДА  системот ( SCADA – Supervisory Control and Data Acquisition ) се планира автоматизација на следење и контрола на водоводната мрежа во градот. ЈКП имаше поставено СКАДА систем со грантот на германската КФБ банка пред една деценија , но директорот на ЈКП Водовод и Канализација, Игор Гулабоски, потврди дека тој систем  е не функционален, па сеа ќе се поставуа нов СКАДА  систем, со кој што би се придонело кон намалување на загубите на вода, кои според него, моментно изнесуваат 53%, поради старата водоводна мрежа која сеуште е со азбесни цевки и поради дивите приклучоци.

(02.59 мин.) „Загубите ( на вода) беа од 57 до 58 %, а со моето доаѓање се сведени на 53%. Со надоградба на овие два нови системи,  очекуваме дека под 50% ќе паднат (ќе изнесуваат) загубите на вода во Општина Прилеп. Една компарација да направиме, на ниво на Македонија, загубите се повеќе од 65%.  ЈКП „Водовод и канализација“, спаѓа во првите 10 со најмали загуби на вода. И, ние се бориме да дојдиме во првите 5 јавни комунални претпријатија со загуби на вода. (кога е во прашање загубата на водата за пиење). ( Изјавата е интегрално пренесена)

Загубите на вода се случуваат (се должи на..) поради неколку причини: работиме година и пол на диви приклучоци (отстранување на диви приклучоци) и на стари водоводни, истрошени линии, кои што загуби се невидливи за граѓаните и за  ЈКП.  Во најголем процент можеме да се осврнеме само на тие два најголеми проблеми  ( се мисли, кога во прашање е загубата на вода) на кои што моментално се работи.

Затоа јас се борам година и пол, но финансиската состојба не ми дозволува за промена на старата водоводна мрежа во градот. Значи во мојот мандат секогаш ќе ми бидат приоритет, ќе ми бидат старите водоводи линии, со промените на таа стара водоводна мрежа – за намалување на процентот на загуба на вода. Поголемиот дел од градот е со азбестна, стара водоводна мрежа (во 05.01 мин.) околу 51%,  во моментов на можам да кажам“ , рече Игор Гулабоски, диркторот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Некогаш Прилеп се фалеше како град кој има најдобра водоводна и канализациона структура со средства кои ги доби како грант од КФБ  за реконструкција на водоводната мрежа. Прилеп тогаш стана вистинско градилиште за промена на дел од старата азбесна водоводна мрежа.

         Еден од најголемите проекти кои се реализираа во Прилеп околу водоснабдувањето беше замената на азбестните цевки на околу 40 километри со нова водоводна мрежа во градот, преку грантот на германската КФБ банка со што се реши еден децениски проблем на прилепчани. Проектот се реализираше во две фази, од 2006 до 2010 година, а инвестицијата изнесуваше 9,1 милиони евра, од кои милион евра беа обезбедени како средства од  тогашната Влада. Тогаш локалните власти излегоа со следната изјава:

 

„Само за пример, загубата на вода до пред реализацијата на овој проект во Прилеп беше околу 75 отсто, а по Проектот таа падна под 60 проденти. Со текот на годините ЈКП ВиК досега замени околу 40 км. водоводна мрежа со сопствени средства и во моментов моменталните загуби на вода се под 50 отсто“. Прилеп тогаш имаше 110 км водоводна мрежа!

„Со новите 40-на километри изградени со грантот од КФВ банка, за пет години Прилеп ќе има целосно обновен градски водовод што загубите ќе ги сведе на европско ниво, под 30 проценти“, изјави 2012 година, тогашниот директорот на ЈКП Водовод и Канализација, Сашо Николоски.

Само за пример, загубата за вода до пред реализацијата на овој проект во Прилеп (2012 г.) беше околу 75 отсто, а по Проектот, таа падна под 60 проценти. Со текот на годините ЈКП ВиК (во периодот од 2011-2016) замени околу 40 км. водоводна мрежа со сопствени средства (беше споменувана сума од 54.993.625 денари)  и во моментов, моменталните загуби на вода се под 50 отсто, се вели во статијата објавена 2017 за работењето на ЈКП ВиК.

После реконструкцијата на водоводната мрежа и канализационите системи со пречистителната станица Прилеп ќе прерасне во еден од најдобрите инфраструктурно уредени градови во Македонија и на Балканот, со висок степен на заштита, а со тоа ќе се реши повеќе деценискиот проблем на прилепчани, се вели во статијата  објавена 2017 година.

Со овој проект се обезбеди сигурно водоснабдување на населението на Прилеп со тарифа која ги покрива трошоците и истата е социјално прифатлива. Се придонесе кон поголемо зачувување на природните ресурси, се намалија загубите на вода, а се зголеми и процентот на наплата кај граѓаните. Со тоа значително се подобри техничката и финасиската состојба на водоснабдувачкото претпријатие.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: