ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Показна вежба на ТППЕ – Прилеп на ден на пожарникарите

230
Во ТППЕ-Прилеп, денеска  по повод Денот  на пожарникрите, 20ти мај, се одржа тактичко-показни вежба  каде што беше дел од изложената нова противпожарна опрема, а пожарникарите добиј аи  службени легитимации за пожарникари.
Единицата од почетокот на годинава имала 200 интервенции на пожари, несреќи,а се очекува бројот да се зголемува,со оглед на покачување на темературите во летниот период.
„Во единицата имаме 39 пожарникари, а потребен ни е уште човечки потенцијал, како и опременост. Имаме донација на ново возило, неодамна од Пелагонискиот плански регион добивме опрема во 30 комплети, но секогаш е неопходно што поголема опременост и зголемувањето на бројот на пожарникарите. Очекуваме, со летната сезона да се зголемат интервенциите, иако сакаме да нема многу, но сме подготвени да одговориме на обврските. Годишно се околу 800 до 900 интервенции. Секоја помош, посебно од локалната самоуправа и од бизнис секторот , е добредојдена, рече Христијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.
„Пожарникарите, извршувајќи ја својата професија, многу често го ставаат во ризик и  живот, со цел да спасат друг живот или да спасат нечиј дом на нашите сограѓани. Вашата професија е една од најблагородните и претставува симбол за солидарност и хуманост пред се’. Со самото тоа, вие сте тимот, кој што има огромно значење за нашата општина и за безбедноста на нашите сограѓани.„ истакна првиот човек на Прилеп, градоначалникот, Борче Јовечски  на средба со нив.
Висококвалитетна заштитна противпожарна опрема што ја добија пожарникарте, беше обезбедена преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион за Територијалните противпожарни единици каде беа набавени ,по 30 комплети заштитна опрема за пожарникарите од ТППЕ-Прилеп и за пожарникарите на Ресен, Битола, Крушево и Демир  Хисар.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: