ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Почина легендарниот Војче Китаноски хуморист, сатиричар, имитатор

458

Почина познатиот хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китановски (68). Негови колеги и пријатели се збогуваат со него на социјалните мрежи, и се уште нема официјални податоци околу тоа што се случило.

Денеска полиција отворила во неговиот дом и го пронашле безживотното тело.Најверојатно причината за смртта е инфаркт, и не се знае дали Китановски починал во петокот или во саботата.

Инаку, хумористот  Војче Китнаоски зад себе имаше над 50-годишна кариера. Роден е во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод,  Бил дипломиран шумарски инженер, а имал и лиценца за туристички водич. Започнал со настапи уште во време на студентските денови и за себе знаеше да каже дека по некои критериуми тој е првиот стендап комичар кој се појавил во Југославија.

Автор е на изданијата „Енциклопедија за хумор и сатира“, „Антологија на 500 вицеви за деца“.

Како хуморист и имитатор почнал да настапува од 1983, прво на концерти на срскиот пејач Мики Јевремовиќ, а потоа и шест години гостувал на броjни концерти низ Југославија на леgендарниот Тома Здравковиќ. Во 2017, на прославата на Денот на независноста, 8 Септември, Китаноски пред Владата ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: