ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вицешампионска титула за боксерскиот клуб “АС” од Прилеп

544

Вчера (14.10.2023 година) во Штип се одржа шестото и последно коло од Супер и Младинската лига на Македонија во бокс.

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп настапи со тројца боксери, под водство на двократниот шампион во бокс на Македонија, Матеј Чатлески. На конечната табела, прилепскиот клуб оваа година заврши на второто место,што само посебе потврдува  дека  бокс во Прилеп останува во врвот  на прилепските индивидуални спортови.

Со одлична школа за бокс го претставивме нашиот клуб и нашиот град Прилеп. Оваа година не успеавме да го освоиме првото место, а мораше да се задоволиме со вице шампионската титула во младинската лига во бокс на Македонија. На крајот на месец ноември не’ очекува Државното првенство во бокс на Македонија. Ќе дадеме се од себе да освоиме повеќе медали – изјави тренерот на БК “АС”, Дарко Чатлески, задоволен од своите боксери.

Резултати од 6 коло:

Категорија кадети:

до 60 кг. Теодор Тошески (БК АС) во равноправна борба загуби на бодови од Сонер Ајрушов (БК ФАМ.ДЕМИРОВИ)

До 63 кг. Димитар Талимче (БК АС) со прекин во прва рунда го победи Иле Маневски (БК БАРГАЛА)

До 67 кг. Мендерес Еминов (БК АС) издвои победа на бодови против Бојан Ѓорѓиев (БК БАРГАЛА)

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: