ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Приведена група од 9 крадци затекнати како „оперираат“во ЗИК Пелагонија

601

На 10.03.2024 во 12.30 часот во с.Долно Српци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Н.(35), Б.Џ.(37), С.Р.(20), А.Р.(23), А.Р.(45), Е.Б.(32), Д.Д.(24), Е.К.(24) сите од Прилеп и Р.В.(61) од с.Мажучиште, прилепско. Тие биле затекнати при извршување на кражба во објект на ЗИК „Пелагонија“. Од нив биле одземени патничко возило „фолксваген венто” со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген венто” со гостиварски регистарски ознаки и патничко возило „форд транзит” со гостиварски регистарски ознаки, натоварени со повеќе предмети сопственост на ЗИК „Пелагонија“. Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: