ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сеќавање на прилепчанецот Илија Милчин – 22 години без еден од најголемите македонски актери и режисери

232

На денешен ден, 11 март, 2002 година во Скопје почина прилепчанецот, Илија Милчин, драмски и филмски актер, режисер, преведувач, публицист, еден од основачите на МНТ, почесен член на ДПМ.

Милчин е  роден  во Прилеп, 19 јуни 1918 во Прилеп.  Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во Белград бил слушател на Отсекот за театарска уметност на Музичката академијаБил дел од првата театарска македонска трупа „Кочо Рацин“,  која на трети април 1945 година, со претставата „Платон Кречет“, со Илија Милчин во насловната ролја, го удира темелите на Македонскиот народен театар, што значеше и победа на македонската национална култура.

Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како глумец и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринска Македонија (1947-1948). Како актер се истакнува со реалистичко толкување на психолошки сложени улоги во домашниот и во странскиот репертоар. Успешно дејствувал и како режисер, драматург и преведувач на драмски текстови.

Од 1965 до 1968 година бил директор на Драмата на Македонскиот народен театар во Скопје. Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: