ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сликање на светци на карпи – карпа во близина на манастирот Св. Димитрија кај с. Селце

134

Се нарекува „Светецот“. Насликан е светецот Свети Никола, во поголемиот дел од карпата, како и Св. Димитрија и Св. Архангел Миахаел, и означува „свето место“. Карпата говори за духовноста, која не препознава простор и ниту место каде може да се изрази   Карпата се наоѓа во близина на манастирот Св. Димитрија во с. Селце, на 500 метри  по стариот пат до манастирот, низ боровата шума .

Фото преземено од ФБ: Миле Николоски

Инаку, карпи украсени со ферскоживописи има повеќе во околината на Прилеп.  Религиозните содржини “ѕиркаат” и цврсто се “држат” за камените подлоги, а ним не им може ништо ни дождот , ни сонцето , ни снегот .Ги има десетици. Свештеници, верници, уметници на вакво начин ја изразувале вербата кон Бога.

 Најблиска е она која се наоѓа на 50 – 60 метри под манастирот Архангел Михаил. Траги од христијански фрескоживопис има во близина на Слонот. Фреската на Богородица со Исус “зборува” од карпата под Бела чешма на патот за Трескавец. На 150 метри од манастирот доминира карпа со остатоци од фрескоживопис. Пред селото Дабница се издигнала пет – шест метри карпа наречена црква. Дабничани ја викаат Свети Арахангел по насликаниот светец, итн.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: