ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Словенците бараат работници од Прилеп и Македонија

884

Поради големата побарувачка на работна сила за потребите на словенчекиот пазар на трудот, во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје, соловенските работодавачи  организираат настани за вработување во Прилеп , Битола и Скопје.

–  Скопје, 27.11.2023, 10:00–17:00, Hotel DoubleTree by Hilton Skopje, Бул. „АСНОМ“ 17

–  Прилеп, 28. 11. 2023, 10:00–17:00, Центар за култура „Марко Цепенков“, Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18

–  Битола, 29. 11. 2023, 10:00–17:00, Културен и информативен центар, Офицерски дом, Широк Сокак 145

Според инфомрациите на настаните ќе бидате претставени 30 истакнати словенечки работодавачи од цела Словенија, кои ќе нудат рабоа за повеќе од 20.000 работници. Најголем дел од нив се од здравствената и социјалната заштита и градежната индустрија, а ќе присуствуваат и работодавачи од области како: производство, транспорт и складирање, технички дејности, угостителство и други.

Словенечки работодавци, кои се соочуваат со значителен недостиг на кадар ќе бараа професии кои се неопходни за реализација на санациските работи по катастрофалните августовски поплави и свлечишта во Словенија, но и други профили во кои има недостиг на работна сила ,а каде можат да се вработат странски работници. Заводот за вработување на Република Словенија, на овие настани ќе обезбеди индивидуално кариерно советување за сите баратели на работа. Во првите десет месеци од годинава, во Словенија се издадени 3.688 согласности за единечна дозвола за престој и работа за државјани на Р.Македонија, што е за 40,3% повеќе од истиот период лани.

За „собирањето„ работна сила, премиерот при посетата на Прилеп, без конткретен одовор исткана дека движењето на пазарот на трудот и одселувањето на младите од земјата е процес кој Македонија не може да го спречи и дека недостигот на квалификувана работан сила  глобален проблем . Во април ( 2023 )при средбата со премиерите од трите земји Албанија,Срвија и македонија, беше највено дека  ќе се стартува со либерализацијата на пазарот на трудот со што ќе бидат отстранети работните дозволи за граѓаните од трите земји.

 

 

 

За кризата со работници се говори со години. Во одредени сектори нема подмладок и тоа создава проблеми за бизнисот. Македонските работодавци бараат олесни процедурите за увозот на работна сила за добивање работни визи по примерот, на Хрватска и Словенија.

 

Заклучно со 6 ноември годинава, се издадени 4.629 работни доволи на странски државјани. На македонскиот пазар на труд има турски, косовски, албански, индиски, руски и украински работници (податоците се од Агенцијата за вработување. „Најангажирани се работници од следниве професии: управител, градежен работник, тесар, електричар, армирач, менаџер, фудбалер и оператор на машина. Работниците се ангажирани во следните градови: Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Велес и Гевгелија. Инаку, во континуитет пристигнуваат барања во врска со вработување на странски државјани, кои тековно се решаваат“, велат од Агенцијата за вработување„ – пишува Фактор https://faktor.mk/izdadeni-se-nad-4600-rabotni-dozvoli-za-stranci-od-koi-zemji-uvezuvame-rabotnici)

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: