ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Службите во општина Прилеп подготвени за првиот снег

288

Првите врнежи од снег, надлежните служби во општина Прилеп подготвени ги дочекаа на терен, обезбедувајќи непречен сообраќај на патната инфраструктура во општината, информира на социјалните мрежи градоначалникот Јовчески:

Сите патишта и улици во општина Прилеп се проодни за сообраќај! Нашата Локална самоуправа, заедно со надлежните служби и фирми, подготвени ги дочекавме врнежите на првиот снег. Службите се активирани, веќе се на терен и брзо и ефикасно патиштата се успешно исчистени осигурувајќи непречен и безбеден сообрајќај во општината. Ќе продолжиме да делуваме со цел да обезбедиме сигурност во текот на зимскиот период, за сите наши сограѓани да можат непречено да ги одвиваат своите обврски по сите наши локални патишта и улици.

Состојбата на регионалните магистралните патишта во земјава е отежнат, особено за тешки товарни возила. АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ САБОТА, 25 НОЕМВРИ 2023 во 19:40 известува:

Од 18:40 часот автопатот Велес – Скопје, ќе биде пренасочен кон Штип односно Свети Николе.
Од 19:05 рег. пат Св. Николе-Куманово е блокиран во двата правци поради сообраќајна незгода.
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Од 13:00 на Пат. правец Кичево-Стража има забрана за движење на ТТМВ.
Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

Од СВР со апел до граѓаните за носење на задолжителна зимска опрема и без неопходна потреба да не тргнуваат на пат:

Апелираме до граѓаните, односно возачите на патнички и товарни моторни возила за доследно  почитување на задолжителната обврска за поседување на зимска опрема во возилата, како и на потребата од прилагодување на возењето кон зимските услови на патиштата. Поради обилните врнежи на снег на патиштата, особено на планинските превои, апелираме до возачите доколку не е неопходно да не тргнуваат на пат и да бидат исклучително внимателни поради отежнато движење на товарните возила и обилните врнежи на снег…

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: