ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што се случува во Основниот Суд во Прилеп?! Од 18-сет Судот остана со 4-ца судии и никој не се јавил на објавениот оглас за судија во Прилеп

2.333

Ситуацијата во Основниот суд Прилеп од ден на ден сѐ повеќе се усложнува. Судот останува со четворица судии ,но тие ќе прават напори барем тие што се итни случаи да ги решаваат, констатирал на денешната седница, потпретседателот на Судскиот совет во оставка, Селим Адеми. Досегашниот претседател  на судот, Зоран Стевановски, не дочека да биде избран на функцијата, бидејќи тој денеска бил разрешен затоа што ги исполувал условите за пензија. Во пензија заминува како вршител на должноста (в.д) претседател на овој основен суд Прилеп. На денешната седница, Судскиот совет, за в.д. претседател на ОС Прилеп, ја назначил судијката Јасна Шишковска Стојковиќ.

Инаку, според систематизацијата, ОС Прилеп треба да има 18 судии,  но на објавениот оглас никој не се пријавил да биде судија во Прилеп.

„Од каде ќе се носат судии, Судскиот совет ќе треба да размислува за друго решение. Можеби со делегирање. Ќе треба да се зборува и со кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители затоа што со сила не може“, рекол Адеми.

Но, така не вели Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Според законот само првите тројца кандидати кои ја завршиле академијата имаат право да бираат во кој суд сакаат да бидат избрани. Сите други се должни да конкурираат на секој објавен оглас за избор на судија.

Основниот суд Прилеп е првостепен суд со проширена надлежност за општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

 

Преземено:https://mkd.mk/node/516483

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: