ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Советниците одлучија Горан Колонџоски да биде новиот командир на ПС од ОН-Прилеп

1.565

Советот на Општина Прилеп  ја одржи редовната 39-та седница. На дневен ред пред советнците се  најдоа 19 точки од кои половината се однесуваа на предлог –  одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко – планска документација,  со која ќе се изврши усоглсување на намената, oд зона за заштитено зеленило во домување, по барање на физички лица.

Дневниот ред беше надоплнет со програмата за еднакви можности за 2024 година и предлог – решението за избор на командир на ПС-Прилеп. На дневен ред на Советот на општина Прилеп се најдоа  тројца кандидати, а  изборот за кои гласаа советниците со 15 гласови „За„ и еден „воздржан“  падна на  Горан Колонџоски, полицаец, во криминолошката полиција, со 10 годишно работно искуство .

 

Советниците ги разгледаа и одобрија: програма за уредување на градежно земјиште за 2024 год, развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2024-2026, програма за јавно осветлување за 2024 година и за енергетска ефикасност за 2024 година, програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2024 година, предлог- програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024 година, програма за други комунални услуги за 2024 година, програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година, програма за одржување на јавна чистота за 2024 година како и програмата за урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година и  условите, начинот и постапката за издавање и одобрение за поставување урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп.

 

 

Советниците од опозицијата во врска со дневниот ред, ставија забелешка на донесувањето на предлог – решението за избор на командир на ПС-Прилеп , побараа одговор за тоа кој е интересот на општината и граѓани да се финасираат предложените развојни урбанистички програми и планови, побараа  да има повеќе средства за реализација на програмата за јавно осветлување за посветол Прилеп во ноќните часови, се интересираа колкави средствата добила општината од педходната година на име  отуѓување на градежно земјиште …

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: