ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„ЉУБЕЊЕ СО СТИХОВИ“ ЗА ДЕНОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО

134

Второто издание на поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ кој го подготвуваат авторите Лина Димоска и Филип Димкоски ќе се случи утре,  14 февруари од 20.00 часот во кафе-галеријата Лувр во Прилеп.

На овој датум, некој го слави Св. Трифун, а некој Св. Валентај, а ние решивме да направиме добар спој меѓу љубовта, виното и поезијата. Ако најголемиот музеј во светот Лувр се наоѓа во Париз, а Париз е градот на љубовта, тогаш денот на љубовта ќе  го славиме во кафе-галерија Лувр во Прилеп- велат организаторите.

Во програмата „Радио што се гледа“ гостуваа Лина Димоска и Филип Димкоски и двајцата поети, писатели, автори на повеќе дела, вљубеници во поезијата:

 

Низ поезијата на Конески, Андреевски, Јоциќ, Јаневски, Котевски, Алексиќ-Станојловиќ, Гајтаноски, Божиновски, Ивановиќ и Велковска, но и низ стиховите на домаќините Лина Димоска и Филип Димкоски ќе навлезете во интимниот свет на лириката и ќе им се препуштите во кругот на убавината.

Филип Димкоски е македонски поет, преведувач и новинар. Автор е на пет поетски книги, а неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици. Преведува од српски, хрватси, бугарски и руски. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди, а во 2019 ја доби дипломата „3 Ноември“ на Град Прилеп за афирмација на македонскиот јазик и образованието. Член е на Здружението на новинарите на Македонија, Друштвото за наука и уметност на Прилеп, Клубот на литературните творци на Прилеп  и Слоу Фуд Прилеп. По професија е дипломиран земјоделски инженер.

Лина Димоска е поетеса и писателка. Пишува за возрасни и за деца. Авторка е на една поетска книга и една новела. Наскоро од печат ќе излезе нејзината прва книга за деца. Рецитира и пишува и членка е на Клубот на литературните творци на Прилеп, од неговото основање. По професија е дипломиран економист.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: